Поголем дел од оние кои во текот на посетата на австриското скијалиште Ишгл минатата година заболеле од Ковид-19, и по осум месеци сè уште имаат имунитет, покажува истражувањето на Медицинскиот универзитет во Инсбрук.
Се смета дека ова одморалиште беше жариште на првото ширење на коронавирусот во Европа.
Истражувачите откриле дека близу 90 отсто од луѓето кои во април имале позитивен тест на коронавирус, сè уште имале антитела на вирусот во ноември.
Претставниците на Главната австриска агенција за јавно здравје AGES, веруваат дека ширењето на вирусот во Ишгл, со кој се заразија илјадници луѓе од цела Европа, започнало во февруари минатата година.
Се верува дека оваа студија е една од најголемите некогаш спроведени во најдолга временска рамка.
Научниците тврдат дека тоа ќе помогне да се даде одговор на прашањето колку долго трае имунитетот по инфекцијата. Водичот на истражувањето, д-р Вегене Тамире Борена, тврди дека наодите од студијата се поддржани од слични истражувања спроведени на други места.
„Она што го пронајдовме се поклопува со наодите на неколку други објавени студии, кои откриле дека 88 отсто од луѓето сè уште имаат имунитет и по шест месеци“, вели Борена.