Топењето на мразот е посебен феномен на 21 век, а сè почеста појава е исчезнувањето на ледените површини. Научниците нудат и голем број примери како топењето на мразот влијае и како би можело во иднина да влијае врз природната средина, па поради тоа. објавија и информации дека топењето на мразот би можело да поттикне отпуштање на закопаната радијација.

Меѓународен тим проучувал 17 ледени локации низ светот вклучувајќи ги и оние на Арктикот, Антарктикот, Исланд, Алпите, Кавказ и Британска Колумбија.

– Тоа се некои од најголемите нивоа на радијација во околината надвор од зоната за нуклеарно исклучување – вели Каролин Класон од Универзитетот „Плајмаут“.

Радијацијата предизвикана од човечка рака, како она во нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 и несреќата во Фукушима во 2011 година, оди во атмосферата. Тука има голем број радиоактивни елементи, како радиоактивен цезиум, што предизвикува луѓето да се разболат, а од последиците од изложеноста дури и умираат.

По катастрофата во Чернобил ваквите облаци патувале низ Европа, без оглед на границите. Честичките, носени со дождот, стигнале и до Велика Британија. Со замрзнување на тој дожд настанува мразот, во кој честичките остануваат заробени.

– Радиоактивните честички се лесни, па низ атмосферата може да бидат пренесени до далечни локации. Дождот ги мие, но снегот останува во мразот со децении, а во текот на топењето влегува во земјата – вели Класон.

Она што се случува со животната средина и природата може да се види кај дивите свињи во Шведска. Имено, во 2017 година кај нив била пронајдена радијација 10 пати повисока од нормалното ниво. Трагите од радијацијата предизвикана од луѓето може да се видат по долго време, па така во мразот се наоѓаат остатоци од радијацијата и од нуклеарните катастрофи, но и од употребата на нуклеарно оружје. Особено од периодот на тестирање, во текот на 50-тите и 60-тите години на минатиот век.

– Ако земеме јадро на седимент, тогаш може да се види јасен скок каде бил Чернобил, но исто така може да се види и скок околу 1963 година од периодот на тестирање на тешко оружје – вели Класон.

Радиоактивните елементи имаат различен животен век. Плутониум-241 може да живее 15 години, додека синтетичкиот хемиски елемент америциум 241 има животен век од 423 години. Во мразот може да остане доста долго, а се шири при топење. Класон го нарекува „особено опасен“, иако не постојат доволно податоци за неговата способност да се рашири во синџирот на исхрана.

Во науката денес е популарна идејата дека луѓето трајно ја промениле основата за тоа како Земјата функционира како жив екосистем. Потрагата по радијација закопана во мраз и седимент би можела да понуди уште посилен доказ за овие промени.

– Овие материјали се производ на она што сме го оставиле во атмосферата. Тие се показател дека нашето нуклеарно наследство не исчезнало, туку сè уште е таму. Важно е да се проучува, бидејќи тоа е отпечатокот што го оставаме во природната средина – нагласува тој.

Извор: Еxpess.hr