„Светот на Биби“ ја доби наградата „Стори“ за најдобар едукативен проект за деца. Признанието за проектот на компанијата „Еф-Три“, која стои зад порталите Факултети.мк и Деца.мк, беше врачено синоќа на свеченото доделување на наградите што ги организира „Колор медиа плус“ во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Наградата ја прими Марјан Алексовски, директор на „Еф-Три“.