LG се подготвува за објава на нов смартфон со екран на извлекување – LG Rollable, за кој претходно веќе се појавуваа информации. Сега претстојниот уред е забележан на CNIPA Patent листата, а го открива дизајнот на уредот.
Според патентот, LG Rollable ќе има правоаголен дизајн, со долг секундарен екран сместен на задната страна од телефонот.
Пратечките фотографии прикажуваат тенки рабови околу дисплејот, кој може да лесно да се повлече од левата страна, за да се зголеми екранот. Кога е расклопен, екранот е поголем за 40 проценти од својата компактна форма. Се забележува и камера модул на задната страна, сместен во левиот горен агол.
Екранот, што е додаден на задната страна, може да се користи за селфи и креирање видео повици со помош на главната камера. Имплементирањето на секундарниот дисплеј овозможува edge-to-edge искуство на дисплејот без никакви отвори или засеци.
Патентот прикажува и некои копчиња од страна на рамката на претстојниот LG телефон. Ова би можеле да бидат копчиња за вклучување и јачината на звук. Во врвот се наоѓа микрофон, додека во долната рамка е сместен USB-C порт.
Поврзани артикли