Кина и Русија имаат намера да потпишат договор за соработка за проектот на истражувачка база на Месечината
Базата под името International Lunar Research Station (IRLS) е всушност кинеска идеја, а планот е да стане роботска база на јужниот пол на Месечината. До средината на 2030-те години се очекуваат кратки мисии со човечки екипаж, а помеѓу 2036. и 2050. година се очекуваат долги мисии. Следниот чекор се кинеските Chang-e мисии, како и руската мисија Luna 27.
Двете страни истакнуваат дека засега станува збор само за начелен договор, така што не е познато како ќе изгледа станицата и какви можности ќе има.
Договорот меѓу Русија и Кина не е изненадување, посебно бидејќи односите помеѓу рускиот Роскосмос и NASA заладија во последно време.
Исто така, некои други земји би можеле да се приклучат во ILSR проектот.