Добивме потврда дека Redmi Note 10 серијата ќе биде претставена на 4 март, а сега страницата на Xiaomi India ни дава најави на некои карактеристики на претстојните телефони.
Тизерите сугерираат нов дизајн, кој изгледа поскладно и полесно во однос на претходната серија. Видлив е punch-hole диспле, а во еден од тизерите споменува и Gorilla Glass заштита и IP52 сертификат.
Од страна на уредот има сензор за отпечатоци од прсти. Задната страна на телефонот е заоблена, додека на фотографиите се чини дека дисплејот е рамен.
Redmi Note 10 серијата се очекува да има подобрен тактилен одзив, Hi-Res звук, побрза опција за полнење и Snapdragon чипсет (гласините го споменуваат Snapdragon 750G).
Претходните гласини сугерираа и висока стапка на освежување за LCD-панелот и главна камера од 108MP. Redmi Note 10 се очекува во бела, сива и зелена боја, додека Pro моделот ќе пристигне во сива, сина и бронзена варијанта.
Поврзани артикли