Минатиот месец, LG ја прикажа својата годинашна линија телевизори зво текот на CES саемот, а сега компанијата полека почна со глобална испорака на уредите. Ова ја вклучува новата премиум LCD линија на QNED 4K и 8K телевизори, кои ги комбинираат Quantum dot технологијата и Mini LED осветлувањето, како и интересниот сет на OLED модели.
На врвот на понудата на OLED телевизори е G1 серијата со OLED evo панел што нуди подобро осветлување и нивоа на бела боја. Мејнстрим C1 серијата вклучува модели од 48 до 83 инчи. На многумина ќе им бидат попривлечни подстапните B1 и A1 линии на OLED телевизори.
Сè уште нема детали за поевтините телевизори, кои се очекуваат со eARC и ALLM функциите, но ќе им недостасува HDMI 2.1 приклучок.
Првите 2021 LG OLED и LCD телевизори пристигнуваат во текот на овој квартал, но не е познато точно кога и на кои пазари. Од листингот во Германија, познати се цените за некои од моделите во Европа. C1 и G1 телевизорите се очекуваат во април, со цена од 2.000 евра и 2.400 евра за C1 и G1 моделите со 55 инчи.