Компанијата Axiom Space за проектот на првата комерцијална вселенска станица досега успеа да собере 130 милиони долари.
Axiom Space доби договор од NASA за производство на првите приватни комерцијални модули за постоечката Меѓународна вселенска станица, а оваа компанија одлучи да отиде чекор подалеку и да развие сопствени целосно приватни орбитални платформи, што ќе станат основа за развој на вселенскиот туризам, научните истражувања и многу повеќе.
Компанијата собира средства од оние кои сакаат да станат приватни астронаути на ISS, а патувањето е планирано за јануари 2022. година со помош на капсулата Crew Dragon на компанијата SpaceX. Axiom Space ќе организира и сопствена обука и ќе подготви план за мисијата.
Покрај тоа, остварена е соработка со познатиот актер Том Круз со цел да започне реално шоу, чија цел ќе биде натпревар на кандидати и борба за место на комерцијалниот лет до станицата на Axiom.
Axiom Space планира да ги инсталира новите модули на ISS до 2024. година.
Поврзани артикли