Компанијата која го креираше популарниот Speedtest – Ookla, во својот последен блог пост објави дека воведува интересна нова опција за iOS уредите.
По ажурирањето, апликацијата ќе може да ја предвиди максималната резолуција на видеото, како и времето на вчитување и „баферинг“ на вашата мрежа. Тестирањето е бесплатно, и наскоро треба да стигне и на другите платформи.
Како што објаснуваат, потребен е посебен тест за квалитетот на видеото, бидејќи интернет провајдерите го третираат видеото поинаку во однос на другите начини на трошење на податоците.
Ова значи дека вашата мрежа има побрз пренос за видеа отколку, на пример, за текст и фотографии.
Како да се тестира брзината на видео пренос?
Тестирањето на видео преносот со Speedtest е многу едноставно. Откако ќе ја отворите апликацијата, изберете ја опцијата Video и потоа жолтото копче. Апликацијата ќе ги измери можностите за трансфер за различни квалитети на видеото пред да ги добиете резултатите.
Постои можност овој тест да ве извести дека вашата мрежа не може да поддржува максимална резолуција на уредот.
Извор: B92.net