Се очекува дека Xiaomi во својата Mi 11 линија ќе го додаде и Mi 11 Lite моделот. Најновата протечена фотографија ни дава подобар увид во дизајнот.
Според наводите на дојавувачите, Xiaomi Mi 11 Lite ќе изгледа како стандардниот Mi 11 на задната страна, додека од предната страна се очекува една главна разлика – екранот нема да има закривени рабови, туку ќе користи рамен панел.
Ова е втор пат рендери од ваков тип да се појават онлајн за Mi 11 Lite. Пред околу еден месец, друг дојавувач сугерираше нешто слично – рамен екран и три камери на задната страна, поставени слично како кај Mi 11 моделот.
Чипсетот, кој ќе го покренува Mi 11 Lite, наводно ќе биде Snapdragon 732G. Меѓутоа, овој чипсет нема поддршка за 5G, па постои можност ова информација да не е точна.
Објавата на Xiaomi Mi 11 Lite допрва се очекува, а би можел да стигне заедно со Mi 11 Pro, за кој гласините сугерираат перископ камера или Mi 11 Ultra, кој би можел да има секундарен екран на задната страна.
Xiaomi прикажува како функционира Ultra Night Video на Mi 11 5G (ВИДЕО)