Huawei Digital QuickODN (DQ ODN) неодамна ја доби првата TÜV SÜD сертификациска ознака за производи од оптичката дистрибутивна мрежа. Сертификатот укажува на висок квалитет и долгорочна сигурност на производите на Huawei DQ ODN, што им овозможува на операторите да градат квалитетни и сигурни мрежи за оптичка дистрибуција (ODN).
TÜV SÜD е меѓународна организација за тестирање на трети страни основана пред 150 години, која е посветена на професионално тестирање, проверка и сертифицирање. Има долгогодишно искуство во сертифицикација на комуникациски производи, со панел на авторитативни експерти во индустријата и првокласни платформи за тестирање. Глобалната ознака за производи од оптичката дистрибутивна мрежа лансирана од TÜV SÜD, е строго во согласност со IEC и ITU стандардите при тестирање и сертификација на механичката сигурност, еколошката безбедност и оптичките перформанси на производите и компонентите. Покрај тестирањето на производот, процесот на сертификација вклучува и проверка на способноста на фабричкиот квалитет, проверка на конзистентноста на производот и пост-сертификациски надзор.
Huawei се стреми кон совршеност во технолошките иновации и квалитетот на производите и строго се придржува на меѓународните стандарди во текот на целиот процес на развој на производот, од изборот на сирови материјали, дизајн, развој, верификација до самото производство. Производите кои неодамна се здобија со TÜV SÜD сертификација главно ги вклучуваат приклучоците и пред-конектираните решенија, кои се витални компоненти на Huawei DQ ODN решението.
Иновативното Huawei DQ ODN решение ја користи пред-конекцијата и дигиталните технологии за да им овозможи на операторите изградба на мрежата без целосниот процес на спојување, зголемувајќи ја ефикасноста на изградбата на мрежата, истовремено намалувајќи ги трошоците за изградба. Покрај тоа, AI препознавањето на слики и оптичките технологии на леќата се користат за автоматско собирање на ODN GIS, топологија на врски и информации за загубите, постигнувајќи прецизно и визуелизирано управување со ресурсите. Поседувајќи ја точната статистика на ресурсите, операторите можат да спроведат брзо пружање на услуги и прецизно лоцирање на дефекти, намалувајќи го OPEX.
Huawei ќе продолжи со иновации во областа на оптичката дистрибуција и ќе ги снабдува клиентите со водечки ODN решенија, кои вклучуваат прецизно планирање, брзо распоредување и дигитални O&M. Овозможувајќи им на операторите брзо да градат висококвалитетни, визуелизирани и управувани ODN, Huawei ја покажува својата посветеност да развива успешни бизниси за операторите.
Поврзани артикли