Повеќе од три милијарди мејлови и лозинки се појавија на „црниот пазар“.
Како што пренесува CyberNews, на популарниот хакерски форум се појавија околу 3,2 милијарди комбинации на е-маил адреси и лозинки кои ги опфаќаат некои од најпопуларните интернет страници како што се Netflix, LinkedIn и други.
Да бидеме потполно јасни – тука не спаѓаат само шифрите за пристап до одредена мејл адреса, туку креденцијалите користени за пристап до било кој од налозите на останатите сајтови. За оние кои користат исто корисничко име и лозинка за повеќе сервиси, тогаш тоа може да претставува уште поголем проблем.
На мета на хакерскиот напад не бил некој сервис посебно, туку подеднакво се загрозени сите – Gmail, Yahoo, Hotmail и останатите.
Порталот исто така наведува дека најверојатно во прашање е компилација на корисничките имиња и лозинките кои порано биле на мета на хакерите, односно збир на претходно пробиените податоци и податоците од најновиот напад.
Со оглед на овие информации, би требало да проверите дали и вашата мејл адреса е загрозена. За да го направите тоа, најдобро би било да ја отворите историјата на активност и да видите од каде и кога сте биле логирани.
Исто така, за да се заштитите, најсигурно е да имате двофакторска автентикација, доколку е можно, и да не користите ист username и password за сите профили кои ги имате (на пример, за сите социјални мрежи или за сите стриминг платформи).
Извор: B92.net
Поврзани артикли