Гласините сугерираат дека Huawei планира да влезе на пазарот на гејминг хардвер. Компанијата најпрвин ќе почне со мал гејмерски лаптоп, кој се очекува да биде објавен кон крајот на оваа година.
По лаптопот, се очекува уште поинтересна најава – гејмерска конзола што ќе им конкурира на Sony PlayStation и Microsoft Xbox моделите. Нема детали за каква платформа ќе се работи, но се очекува да не се базира на ARM како Nintendo Switch.
Можно е дека Huawei конзолата ќе користи AMD APU сличен на оној на актуелните модели на PlayStation и Xbox. Меѓутоа, Huawei би можел да испроба и нешто со сопствен дизајн (како HiSilicon Kunpeng 920 чипот, базиран на архитектурата на ARM).
Минатата година, Huawei го објави GameCenter – гејминг хабот. Услугата го користи Huawei Media Services за Android и содржи голем број Android игри.
Интересно е дека ова не би била првата конзола на Huawei. Компанијата ја издаде конзолата Tron во 2014 година, со Тегра 4 чип и платформа Android 4.2 Jelly Bean платформата.
Поврзани артикли