Microsoft го претстави проширениот темен режим за Word, кој сега ги опфаќа и документите во рамките на услугата (претходно беше достапен само за ленти и toolbar).
Компанијата во својата блог објава истакнува дека како што поминуваме сè повеќе време пред екранот, станува многу важно да го намалиме заморот на очите и да го прилагодиме осветлувањето. Поради тоа, темата Black Office е проширена и на документите, и ова е функција што корисниците долго време ја бараа.
Можете да пристапите до темната тема во Word со одење во File> Account> Office Theme> Black. Во секое време е можно да се префрлате помеѓу темната тема и светлата позадина. Кога ќе се избере темна тема, Microsoft истакнува дека и другите бои во рамките на документот малку ќе се променат за подобро да му одговараат на новиот контраст.
Пошироки промени во темниот режим во Word моментно им се достапни на Insider Beta Channel корисниците со верзијата 2012 (Build 13518.10000). Доколку тестот помине без проблеми, истата функција ќе стигне и до корисниците на стабилната верзија.