Страницата за поддршка за претстојниот Samsung Galaxy F62 телефон неодамна беше забележана на сајтот на Samsung во Индија. Потоа на Flipkart се појави листинг за уредот, што го открива дизајнот на задниот дел од уредот. Flipkart сега ја ажурираше страницата со информации дека Galaxy F62 ќе биде официјализиран на 15 февруари.

Микросајтот на Flipcart открива дека Galaxy F62 користи Exynos 9825 чипсет, кој претходно ги покренуваше Samsung Galaxy Note 10 и Galaxy Note 10+ премиум телефоните.

Кога станува збор за дизајнот, телефонот има punch-hole отвор за селфи камерата во 6,7-инчниот AMOLED екран, кој доаѓа со Full HD+ резолуција. Иако гласините споменуваа сензор за отпечатоци под дисплејот, се чини дека Samsung сепак се одлучил за читач за отпечатоци од страна на рамката. Предната камера се очекува да има 32MP сензор.

Galaxy F62 има задна страна градиент на бои, квадратен модул на камерата и LED блиц. Гласините споменуваат дека главната камера ќе има 64MP. Се очекува и 8GB RAM меморија, 128GB простор за складирање и One UI 3.1 интерфејс заснован на Android 11.

Samsung Galaxy F62 најверојатно ќе користи батерија од 7000mAh, но не се познати деталите за брзините на полнење.