Telegram во последно време е на врвот на својата популарност. Двете апликации кои најчесто се нарекуваат победници на „пост-WhatsApp“ерата се Telegram и Signal.
Додека Signal го развива еден од соосновачите на WhatsApp, Брајан Актон, зад Telegram стојат технолошки експерти од Русија. Telegram надмина 500 милиони активни корисници месечно во јануари, додека во 2020 година беше осма апликација во светот според бројот на преземања.
Креатори на Telegram се браќата Николај и Павел Дуров, ИТ ентузијасти кои стојат зад најпопуларната руска социјална мрежа Vkontakte. Браќата Дуров првично ја објавија на iOS во 2013 година, незнаејќи до каде ќе стигне самата апликација.
Додека Vkontakte на крајот заврши во рацете на државните регулатори, браќата Дуров одлучија да го одржат Telegram послободен. Николај Дуров отиде толку далеку што во еден момент дури се пресели во Германија, со цел да продолжи да развива свој open-source софтвер со тим компјутерски научници.
Според светските медиуми, оперативната група се состои од петнаесет члена, додека моменталната локација на седиштето на Telegram е Дубаи. Плашејќи се од одмазда од руските власти, Дуров го понуди Telegram како отворен код, а серверите на апликацијата ги расфрла низ целиот свет.
Telegram е апликација која работи на The Cloud, што со себе носи низа предности, но и недостатоци. Таа е достапна на речиси сите популарни оперативни системи и им овозможува на корисниците пристап до пораките каде и да се.
Недостаток на работењето на The Cloud е во начинот на кој Telegram ги чува корисничките податоци, што според многу критичари, е една од најголемите слабости на платформата. Апликацијата за регистрација бара два начина: СМС и телефонски број или двофакторна потврда со лозинка.
Целокупната содржина е зачувана на серверите на Telegram и, по барање на корисникот, се префрла во режим P2P кој користи криптирање од двете страни. Во случај на доволно софистициран хакерски напад, сè што е зачувано на серверот може да заврши во погрешни раце.
Дуров, кој одбива да потврди каде се наоѓа седиштето на компанијата, тврди дека ранливоста на The Cloud не претставува толку сериозна закана за приватноста на корисникот, како и дека размислува за воведување реклами со цел да се продолжи со финансирање на апликацијата.
Ова може да звучи како добро организирана шпионска операција од една страна – дисидент кој прави дискретна апликација за луѓе кои се грижат за својата приватност. Сепак, во исто време, тоа дозволува користење ботови, од кои еден минатиот месец собра илјадници кориснички броеви и профили и ги продаде за 20 долари по број.
Бројот на забрани во различни земји во светот, сепак, раскажува друга приказна. Telegram отсуствува од најпопуларниот руски систем за пребарување на интернет од 2018 година, откако Дуров одби да им дозволи на властите пристап до базите на податоци на суд. Кина, Индија, Иран, Белорусија и Азербејџан се само некои од земјите кои во одреден момент го критикуваа или се обидоа да го „замолчат“ Telegram.
Апликацијата честопати беше критикувана од западните медиуми и регулатори, како за обвинувањата дека служи како платформа за размена на детска порнографија, така и за фактот дека џихадистите на ИСИС ја користеле за да прогласат одговорност за терористички напади.
Списокот на критики оди подалеку од тоа, од прашања поврзани со децентрализацијата на Cloud серверите, до сомневања за целиот безбедносен систем.
Конечно, тука е и безбедносниот протокол, кој експертите постојано го нарекуваат послаб од оној што го користат WhatsApp и Signal, иако тој дел од приказната е релевантен главно во жестоките дискусии на хакерските форуми.
Извор: B92.net
Поврзани артикли