Корисниците на Google Chrome можат да се потпрат на сервисот за управување со лозинки во рамките на платформата, Apple има свој iCloud Keychain и сега се чини дека Microsoft сака поголем удел на password manager пазарот.
Компанијата ја објави Autofill алатката за управување со лозинки за различните платформи. Ова и вклучува и Android и iOS како дел од Authenticator апликацијата, како и за Google Chrome прегледникот, каде што ќе биде дел од екстензијата.
Услугата на Microsoft, Autofill за управување со лозинки во најголем дел го прави она на што сме навикнати од ваквите сервиси – им помага на корисниците да ги запомнат и складираат лозинките, автоматски ги пополнува полињата за најавување, а во некои случаи помага при креирање силни и безбедни лозинки.
Microsoft истакна и дека за корисниците овозможил лесно импортирање на нивните сочувани лозинки од Chrome и други екстерни управувачи со лозинки.
Поврзани артикли