Samsung Galaxy M12 беше официјално претставен во Виетнам. Телефонот има голема батерија од 6000mAh, со поддршка за 15W полнење преку USB-C порт.

Galaxy M12 користи 6,5-инчен PLS LCD дисплеј со 720+ резолуција (20:9). Станува збор за Infinity-V панел, што значи дека има засек за предната камера од 8MP.

На задната страна се наоѓа 48MP главна камера, која може да снима видео 1080p видео (@ 30fps). Исто така има и 2MP макро сензор и 5MP ултраширокa камера со 123° поле на преглед.

Samsung не објави кој чипсет го покренува Galaxy M12, туку само истакна дека станува збор за 2.0GHz процесор (неофицијално, се верува дека станува збор за Exynos 850).

Galaxy M12 е достапен во конфигурации со 3/4/6 GB RAM и 32/64/128 GB простор за складирање. Достапен е и слот за microSD картичка  до 1TB е исто така достапен.

Samsung Galaxy M12 е достапен во сина, црна и жад боја и има поддршка за 4G LTE конекција, Wi-Fi (2,4 GHz, b/g/n) и Bluetooth 5.0, додека сензорот за отпечатоци е сместен од страна на рамката .