Огромниот ледник А-68А кој пловел по Јужниот Атлантик, се распаднал на неколку парчиња, околу три и пол години по појавувањето, објави Европската вселенска агенција ESA која го следи движењето на џинот преку сателит.

Ледникот бил на пат кон островот Јужна Џорџија, на тој начин претставувајќи закана за екосистемот на оваа британска прекуморска територија. Сега кога се распаднал, научниците сметаат дека закана повеќе не постои. Главниот дел сега е долг 60, а широк 22 километри.

А-68А веќе ја променил насоката и изгубил повеќе делови во декември, меѓутоа, било нејасно како ќе заврши.

Според ESA-1, минатата недела на него биле откриено нови големи пукнатини и потоа се распаднал во мали ледници.

“Главниот А-68А ледник се движи кон југ и моментално е на околу 225 километри од Јужна Џорџија”, се наведува во соопштението. Забележано е дека помалите ледници се оддалечуваат од главниот, но се оддалечуваат и меѓусебно.

Доближувањето на ледникот до тој далечен остров предизвикало стравување дека би можел да се заглави на брегот по што неговата студена слатка вода ви влијаела на кревкиот екосистем на остров.

Научниците посебно ги загрижувала судбината на пингвините на островот.

Ледникот се одвоил од ледената плоча Ларсен-Ц на источниот брег на Антарктичкиот полустров во јули 2017. година.

Сметан е за едне од најголемите познати ледници во поновата историја пред да изгуби неколку свои делови минатите години.

Извор: Index.hr