Се сугерира дека Samsung работи на 200MP ISOCELL сензор. Според најновите информации, сензорот би можел да дебитира на ZTE Axon 30 Pro телефонот.
Сензорот наводно има поддршка за снимање на 16К видео и може да поддржува и 4-in-1 pixel binning , за да се намали шумот во фотографиите. Сензорот може да работи со Exynos 1080 чип Exynos 1080, кој поддржува камера сензори од 200 мегапиксели.
Претстојниот 200MP сензор за камерi на Samsung ја носи ознаката на моделот S5KGND. Има големина од 1/1,37 инчи и 1,28 микрони пиксели.
ZTE Axon 30 Pro, на кој сензорот ISOCELL 200MP треба најпрвин да се појави, може да има 6,9-инчен 1080p или 1440p дисплеј, со брзина на освежување од 120Hz. Се очекува и 4700mAh батерија со поддршка за супер брзо полнење.