Краткото траење на батеријата е еден од најголемите проблеми на корисниците на паметни телефони, а решение на овој проблем понуди француската компанија Avenir Telecom која има лиценца за брендот Energizer.

На Mobile World Congress во Барселона е претставен Energizer Power Max P18K Pop кој што со дебелина од 18 милиметри е моментално најголемиот паметен телефон.

Секако, таквите големи димензии се должат на „монструозната“ батерија која што има капацитет од дури 18.000 mAh која е околу пет пати поголема од просечните паметни телефони. Батеријата на овој телефон овозможува два дена непрекинато гледање на видео содржини, слушање на музика до 100 часа, односно до 90 часа разговор. Со просечно користење на телефонот, батеријата на овој телефон би требало да „издржи“ околу една седмица.

Energizer Power Max P18K Pop има USB-C приклучок и поддржува брзо полнење, а во овој случај, брзото полнење значи дека батеријата ќе се наполни до 100% за дури осум часа.

Што се однесува до останатите карактеристики, Energizer Power Max P18K Pop работи на MediaTek 2 GHz процесор, има 6 GB RAM меморија и три камери на задната страна од 12 мегапиксели, како и две предни селфи “pop-up” камери. Дијагоналата на екранот е 6,2-инчи, работи на оперативниот систем Android 9 Pie, а ќе се продава по цена од 600 долари.

Извор: Zimo.hr