За оние корисници кои поседуваат Oculus VR кацига, Facebook конечно го интегрираше својот Messenger сервис во платформата.
Ова значи дека корисниците кои сакаат да разговараат со пријателите во VR опкружување, сега тоа можат да го сторат со користење на Facebook Messenger.
Според наводите на Facebook: „Од оваа недела почнува испораката на Messenger на Oculus, за корисниците кои се најавени на Quest и Quest 2 преку своите Facebook профили. Со ова ажурирање, корисниците можат да изберат да разговараат со пријателите на Facebook каде и да постои Messenger, дури и доколку не се во VR опкружување”.
Facebook истакнува дека корисниците ќе можат да разговараат користејќи различни методи, без разлика дали испраќаат пораки во VR, избираат однапред креирани разговори или да ја користат voice-to-text функцијата.