Уште еден iOS прогармер смисли iPhone апликација која смартфонот го претвора во iPod Classic, во пакет со кружниот управувач кој најмногу влијае на будењето на носталгични чувства.

Се работи за програмерот кој се претставува како Елвин Ху и учи дизајн на Cooper Union колеџ и кој на овој проект работи од октомври. Неодамна со следбениците на Twiiter го подели дизајнот од недовршената апликација, па заинтересираните можеа да видат iPhone кој изгледа како iPod Classic и да ги слушнат оригиналните звуци кои ги создаваше постариот iPod уред.

Проектот почна како училишна задача, а сега генерираше големо интересирање на социјалните платформи. Ако Apple ја блокира новата апликација, што е многу веројатно, Ху би можел да ја објави како open source проект, бидејќи заедницата покажа голем интерес.