Животот е целосно поразличен за оние кои што имале можност да ја посетат вселената, посебно поради тоа што токму тие некогаш се сведоци на необични и фасцинантни работи.

Тоа е така поради тоа што положбата во орбитата им дава нова перспектива на набљудување на некои од појавите кои што се случуваат.

Рускиот астронаут Сергеј Куд Сверчков, кој што моментално се наоѓа на меѓународната вселенска станица, споделил ретки снимки од т.н. „искривување“ на Месечината што настанува во воздухот како последица на редок оптички ефект.

„Сигурен сум дека многу од луѓето веднаш ќе го постават разумното прашање: „Зошто Месечината е така ‘сплескана’? А, каде исчезна?“.

Одговорот е прилично едноставен, пред Месечината да исчезне зад хоризонтот светлината која што се одбива од неа поминува низ Земјината атмосфера, па делува искривено. Истовремено, самиот Земјин хоризонт е невидлив, а сето тоа се случува во текот на ноќта. Поради тоа изгледа како Месечината магично „да се топи во воздухот“, објаснил космонаутот во својата објава.

Извор: Srbija Danas