Иако се чини дека Samsung е задоволен со punch-hole дизајнот за камерите, ова е само привремено решение во борбата за целосно отстранување на рамките околу дисплејот. Идеалното решение, кое сè уште никој не го усовршил, е се да се скрие под екранот. Во меѓувреме, Samsung си поигрува и со други идеи, што е прикажано и во новооткриениот патент на компанијата.
LetsGoDigital откри уште еден патентиран концепт на јужнокорејската компанија, кој ги комбинира идеите за pop-up камера и ротирачки систем на камери што по потреба се користи на задната или предната страна.
Патентот опишува телефон кој има само еден сет на камери, што се состои од три сензори поставени во вертикална положба. Кога камерите се користат на стандарден начин, изгледаат слично како новиот Contour Cut дизајн што го имаат Galaxy S21 камерите, со таа разлика што не се шират на работ на телефонот.
Тајниот трик на овој систем е тоа што може да се издигне од телото на уредот, по што се ротира така што сензорите се насочени кон предната страна на телефонот. Наместо сите три камери, модулот се издигнува само толку за да може камерата во врвот да стане видлива, имитирајќи ја функцијата на стандардната pop-up камера.
да биде видлива на горниот дел, имитирајќи ја функцијата на стандардната скокачка камера.
Како и секогаш, патент од ваков тип не значи дека Samsung ќе го имплементира опишаното решение во конкретен производ, но секако претставува интересен и интригантен дизајн.