Компанијата SpaceX на Елон Маск годинава планира во вселената да испрати четворица цивили.

Четири лица ќе отпатуваат во вселената со леталото Crew Dragon во рамките на мисијата Inspiration 4. Тоа ќе биде првата целосно цивилна мисија во историјата, а лансирањето е планирано за четвртиот квартал оваа година од Вселенскиот центар Кенеди.

Лидер на експедицијата е основачот и директорот на компанијата Shift4 Payments, Џеред Ајзакмен кој има улога на командант. Една од целите на мисијата е собирање на пари за детската болница Сент Џуд, а Ајзакмен донира две од трите преостанати места во леталата.

Еден од начиите за приклучување во мисијата е донирање на пари за болницата или стартување на бизнис на е-комерс платформата Shift4 Payments.

Последното место припаѓа на амбасадорот на болницата Сент Џуд. Патувањето околу Земјата ќе трае неколкудена, а ќе заврши на брегот на Флорида.

Сите патници ќе поминат обука во компанијата SpaceX, од орбитална механика, па се до движење во просторот без гравитација. Исто така, ќе бидат научени да користат вселенско одело и да реагираат на итни случаи.

Извор: Klix.ba