Samsung Display потврди дека работи на сопствени лизгачки и свиткувачки дисплеи, слично на она што го навести LG во текот на CES 2021саемот.
Чои Квон-јанг, постар потпретседател на Samsung Display, посочи дека првите дисплеи што можат да се свиткуваат, како и лизгачките дисплеи ќе пристигнат подоцна во текот на оваа година. Се претпоставува дека телефоните на Samsung ќе бидат првите кои ќе ги добијат овие екрани, но тоа не е конкретно потврдено.
Се очекува и дека претстојните Flip и Fold екрани ќе ги имплементираат новите технологии. Компанијата се потпира на варијабилната стапка на освежување и пониската потрошувачка за да остане пред конкуренцијата, која ќе биде значително поголема во текот на 2021 година.
За жал, не се споменати технологиите што ќе се најдат во годинешните Galaxy Z Flip3 и Galaxy Fold3 модели.