Tesla има поинаков пристап кон обновување на возилата од традиционалните брендови, па Model S досега има добиено голем број ажурирања во текот на својот животен век, но ова е најобемното досега.
Промените во надворешноста не се особено големи, но ги има доволно за да го направат моделот различен од претходното издание. Промените се во долниот дел од предниот дел, а тука се и новите тркала. Сепак, она што се случило во внатрешноста ги надминува сите очекувања.
Ако мислевте дека дизајнот на Cybertruck е невообичаен и футуристички, погледнете за патничката кабина на освежениот Model S. За почеток, на централната конзола сега има 17-инчен портрет екран чувствителен на допир, слично како оној во моделот 3. Според приложените фотографии изгледа дека Model S ќе ја задржи истата дигитална табла со инструменти.
Најголемо внимание сепак привлекува воланот, кој изгледа како да пристигнал од некое вселенско летало. Во суштина, веќе видено со концептното издание на Roadster, за кое сè уште чекаме да влезе во серија. На фотографиите не се гледаат никакви дополнителни рачки на воланот, што значи дека командата со трепкачите е преместена во воланот.
Измени има и на задните седишта каде патниците сега треба да се чувствуваат попријатно или поудобно отколку во сегашниот модел. Во продолжението на централната конзола, има уште еден екран, наменет за патниците на задните седишта.
Tesla воведува и нова варијанта, односно долгоочекуваната верзија Plaid. Plaid е замена за Performance тримот, а со нетрпение се очекува доаѓање на изданието Plaid +, кое премиерно ќе ја прикаже новата технологија на батерии на Tesla и ќе овозможи автономија над 835 километри на полнење.
Од Tesla соопштија дека истите промениприменети кај Model S ќе се однесуваат и на Model X.