Intel влезе на пазарот на класичните, десктоп графички карти, а компанијата почна со испорака на првите Iris Xe (кодно име DG1) модели до OEM системите. Графичките картички се дизајнирани за мејнстрим корисници и малите и средни претпријатија.
Иако не станува збор за графички карти од гејминг секторот, што би се натпреварувале со AMD Radeon RX 6000 или Nvidia RTX 30 сериите, видео картичките ги покажуваат јасните намери на Intel да им стане конкуренција на овие компании.
Оваа објава пристигнува по претставувањето на Iris Xe Max графичките карти за пазарот на лаптопи, а десктоп графичките чипови Iris Xe нудат голем број од истите функции и спецификации како лаптоп моделите.
Iris Xe десктоп графичките карти доаѓаат со 80 EU (execution units), ги нудат истите можности за кодирање/декодирање како и лаптоп моделите, поддржуваат Intel DL-Boost и напредни функции како што се Variable Rate Shading и VESA Adaptive Sync.
Intel потврди дека Iris Xe десктоп графичките карти ќе ги креира со два хардверски партнери – компаниите Asus и Colorful, кои ќе им ги продаваат на креаторите на системите за идните однапред креирани компјутери.
Intel Iris Xe десктоп графичките картич имаат 4 GB LPDDR4X меморија, поддршка за AV1 видео декодирање, HDR и 12-битно видео.
Поврзани артикли