За Intel оваа 2021 година може да биде многу значајна, бидејќи компанијата се подготвува за објава на две генерации десктоп процесори.

Intel во јануари ја објави 11. генерација Core „Rocket Lake-S“ десктоп процесори, со LGA1200 подножје, која на пазарот ќе пристигне во март. Изворите сугерираат и дека компанијата планира да го најави Core Alder Lake-S од 12. генерација во септември оваа година.

Alder Lake-S ќе биде првиот мејнстрим процесор на Intel, креиран во 10nm SuperFin производната технологија на компанијата. Чипот се очекува да биде хибриден процесор, а ќе комбинира ист број поголеми Golden Clove јадра и помали Gracemont јадра, за да се овозможи значително поефикасна потрошувачка.

Креиран за новото за Socket LGA1700 подножје, Alder Lake-S би требало да понуди значително повеќе опции на конекција за SoC во однос на LGA1200 чиповите. Покрај тоа, ќе понуди поддршка за новите платформи, како што се DDR5 меморија и повеќе мејнстрим ATX12VO.