Според сите пресметки, вселената требала да исчезне во истиот момент кога била и создадена, но тоа не се случи, а причината за тоа сè уште не им е позната на научниците.

Кога настанал универзумот, според стандарден модел, постоеле еднакви количини на материја и антиматерија. Ако се уништувале рамномерно, како што се очекувало, досега ништо не би постоело.

Научниците со години се обидуваат да пронајдат некои објаснувања поради кои вселената, и ние во неа, сè уште постоиме, но без успех.

„Според сите досегашни мерења, постои симетрија меѓу материjатаи антиматеријата во поглед на масата и други фактори, што значи дека вселената воошто не треба да постои“, вели Кристијан Смор, автор на ново истражување на оваа тема.

„Некои разлики меѓу материјата и антиматеријата мора да постојат, но ние не можеме да ги пронајдеме“, додава тој.

Едно објаснување беше дека антиматеријата и материјата имаат различен магнетизам, но новото истражување покажа дека се идентични дури и во тој поглед.

Ова истражување, предводено од доктор Смор, се занимавало со мерења на антипротоните и покажало дека тие се целосно идентични со протоните.

Научниците се надеваат дека сега ќе можат и подетално да ги испитуваат нивните својства благодарение на новите методи, а некои веќе се поигруваат со многу интересни идеи – што ако антиматеријата има „обратна“ гравитација?

Извор: B92