Realme претстави нов смартфон во рамките на својата достапна C линија. Станува збор за Realme C20 моделот, кој доаѓа со Helio G35 чипсет, голема батерија и една камера на задната страна.

Realme C20 има 6,5-инчен LCD-екран со HD+ резолуција. Селфи камерата од 5MP е сместена во засек во форма на капка.

На задната страна се наоѓа голем квадратен модул, кој содржи една камера од 8MP и LED блиц. Звучникот е исто така на задната страна, додека на дното има 3,5 милиметарски приклучок, микрофон и microUSB порт.

Телефонот го напојува голема батерија од 5000mAh. Достапен е Android 10 софтвер и 2GB RAM меморија. Просторот за складирање од 32GB може да се прошири преку слот за microSD картичка.

Realme C20 е достапен во црна и сина боја, po цена од околу 105 долари, односно 90 евра.