Бета верзиите на HarmonyOS 2.0 платформата почнуваат да пристигнуваат на повеќе уреди, вклучувајќи ги Huawei P30 и Mate 30 Pro 5G. Работата на софтверот може да се види на следните видеа.
Android apps live demo.
Sorry I had to split it. Twitter didn't like one file. pic.twitter.com/88TKXWKnaN
— Marco Improda (@marcoimproda90) January 21, 2021
Интерфејсот изгледа познат, а причината за тоа е што станува збор за EMUI 11 интерфејсот, кој е развиен и со Harmony и со Android елементи. Оперативниот систем на Huawei целосно ги поддржува Android апликациите.
OpenHarmony, кој претставува open-source јадро на оперативниот систем, е хостиран на страницата Gitee, која е кинеска алтернатива на Microsoft GitHub. Оперативниот систем е дел и од OpenAtom Foundation, чии членови се Huawei, Tencent, Baidu, Alibaba и други.
HarmonyOS 2.0 бета веќе пристигна на некои смартфони и многу други уреди се подобни да ја користат платформата. Honor моментно ги разгледува своите опции и не ја исклучува можноста за користење на Harmony платформата, иако без проблеми може да ги користи Google Mobile Services.
Поврзани артикли