HMD Global планира објава на нов исклучително достапен телефон, а се чини дека во прашање ќе биде наследникот на моделот Nokia 1.3. Телефонот ќе го носи името Nokiа 1.4, ќе има основни спецификации и цена под 100 евра.
Новиот смартфон ќе користи четиријадрен процесор, со такт од 1.3GHz. Ова може да биде Qualcomm QM215, но Nokia може да се одлучи и за некој друг чипсет. Од задната страна се очекуваат две камери, батеријата ќе има капацитет од 4000mAh, а тука е и 6,51-инчниот LCD екран.
Nokia 1.4 ќе има dual SIM поддршка, но само една од картичките ќе поддржува 4G мрежи, додека втората е задолжена за 2G (доколку нема таква мрежа, корисниците треба да го користат дополнителниот слот за microSD картичка). Интерната меморија изнесува16 GB, а интересно е што телефонот ќе има сензор за отпечатоци од прсти.
Nokia 1.3 беше претставен во март 2020 година, па се очекува дека и Nokia 1.4 ќе се појави во сличен период, како недолго потоа да се најде во продажба .
Поврзани артикли