Вашиот компјутер ги памети и ги чува корисничките имиња и лозинките што ќе ги внесете во него. Но, дали знаете каде се наоѓаат и како можете да стигнете до нив?
Краткиот водич во продолжение ќе ве научи како да ги најдете лозинките сочувани во оперативниот систем Windows (верзија 10, 8 и 7) и да ги менувате, бришете или да додавате нови.
Како да ги најдете зачуваните кориснички имиња и лозинки во Windows 10?
– Во опцијата за пребарување на компјутерот напишете cmd.
– Ќе ви се појави прозорец од Command Prompt.
– Во тој прозорец напишете rundll32.exe keymgr.dll,KRShowKeyMgr.
– Ќе се појави прозорецот Stored User Names and Passwords со сите ваши снимени кориснички имиња и лозинки. Тука можете да ги отстраните постојните, да додадете нови или да ги менувате.
– Ако сакате да направите безбедносна копија (backup), кликнете на „Back up“ и следете ги упатствата.
Како да ги најдете зачуваните кориснички имиња и лозинки во Windows 8 и Windows 7?
– Кликнете Start, па отворете Control Panel.
– Кликнете User Accounts.
– Изберете Manage your Credential. Ќе се појават сите ваши зачувани кориснички имиња и лозинки. Можете да ги отстраните постојните, да додадете нови или да ги менувате, како и да направите безбедносна копија или да ги повлечете оние за кои сте направиле безбедносна копија.