Подарок билет за сите Magenta 1 корисници до 31 октомври

Во Скопската зоолошка градина живеат неколку стотици примероци различни видови животни кои потекнуваат од сите страни на светот. Шетајќи низ ЗОО Скопје во еден момент можете да се почувствувате како да сте на сафари помеѓу лавовите во Африка, а веќе во следниот – како да се наоѓате во шумите на Азија додека го гледате маестралниот долгорог тар. Секое животно има посебна приказна, а сега можете да влезете во дивиот свет на Зоолошката градина преку екранот на вашиот мобилен телефон со апликацијата Skopje ZOO.

Запознајте ги подобро сите видови животни – со вчитување на QR кодот поставен пред секое живеалиште. Пребарувајте текстуални или аудио содржини за повеќе од 500 животни од 83 видови со податоци за видот и потеклото на животните, неговите навики, начинот на исхрана и многу други информации. Каде и да се наоѓате, со Skopje ZOO дивиот свет ви е на дланка.

Ориентирајте се со дигиталната мапа и лесно најдете ја оптимална рута за посета на омиленото животно. И наместо да го поминете половина од времето резервирано за дружење со семејството во долгите редови пред билетарницата, купете билети онлајн и бидете безбедни во време кога социјалната дистанца е правило.

Доколку сте Magenta 1 корисник, активирајте бесплатен електронски билет, само преку TelekomMK апликацијата и искористете го најдоцна до 31 октомври. Секоја мобилна линија од Magenta 1 фамилијата  може да го активира бесплатниот електронски билет, кој треба да го имате на вашиот смартфон и да го покажете на билетарница.

Преземете ја бесплатно Skopje ZOO апликацијата во три јазични верзии од: