Откако пред неколку дена објави расклопување на стандардниот Samsung Galaxy S21 модел, YouTube каналот PBKreviews сега го насочи вниманието кон моделот Galaxy S21 Ultra.

Отстранувањето на задното стакло открива дека капакот за камера модулот е направен од метал, како и рамката на уредот. Навлаката е споена со стаклената плоча со адхезив и би требало да биде значајно поиздржива од стаклената обвивка за камерите на претходните модели од Galaxy S серијата.

Бидејќи станува збор за меѓународна верзија на S21 Ultra телефонот, уредот нема mmWave антени, кои би биле лоцирани од левата и десната страна.

Како што подлабоко се откриваат деловите на уредот, гледаме дека Samsung користел голема количина графитен филм за NFC антените и матичната плоча. Тука е и потврдата дека сите три камери на Ultra моделот имаат оптичка стабилизација на сликата.

За разлика од стандардниот S21 модел, S21 Ultra нема посебен кабел за поврзување на екранот и е фиксиран за дисплејот, што значително го отежнува процесот на замена на екранот.