Една третина од луѓето кои се лекувале од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болница, според студија на британскиот универзитет Лестер.
Од 47.780 лица кои биле отпуштени од болница во Велика Британија, 29,4 проценти морале да се вратат во болницата по 140 дена. Од таа бројка, 13,3 проценти починале. Многу луѓе кои имале долгорочно дејство на коронавирусот, имаат здравствени проблеми со срцето, дијабетесот, црниот дроб и бубрезите, покажа истражувањето.
Авторот на студијата Камлеш Кунти смета дека е потребно да се обезбеди следење на пациентите за време и по третманот.
Кунти, кој е експерт за третман на дијабетес и васкуларна медицина, вели дека постои многу поголема можност оние кои биле лекувани од коронавирус повторно да бидат примени во болница, во споредба со оние кои имале други здравствени проблеми. Тој посочи дека има многу кои повторно биле примени во болница, но со некои нови дијагнози. Затоа, тој ја забележа важноста на соодветната терапија. Меѓу оние кои повторно побарале медицинска помош откако се лекувале од коронавирус биле луѓе кои имаат проблем со дијабетес или срцеви заболувања, пренесува Њујорк Тајмс.
Поврзани артикли