Во борбата против климатските промени на човештвото му се потребни брзи и иновациски решенија кои ќе стават крај на зависноста од фосилни горива.

Едно такво решение е соларна фарма во швајцарските Алпи, воедно тоа е и највисоката фарма во светот.

Станува збор за дел од планот на Швајцарија до 2050 година да постигне карбонска неутралност, а планирани се и соларни фарми кои пловат низ земјата.

Фармата се наоѓа на надморска висина од 1.800 метри, произведува 800.000 kWh енергија годишно, доволно за повеќе од 220 домаќинства.

Две третини од енергијата во Швајцарија претставува хидроенергија, а пловечките соларни панели прикажани во видеото се наменети за локална електрана.

Целта е да се направи фарма 25 пати поголема од сегашната и да се пронајдат нови локации во Швајцарија, но и во странство, пренесе Reuters.

Извор: Klix.ba