Windows 10Х требаше да биде оперативен систем на Microsoft за уредите со двоен екран, кој софтверски би ги покренувал уредите од различни производители. Сепак, тој план се промени минатата година, кога компанијата објави дека ќе се фокусира на уреди со еден екран, односно на класични лаптопи и таблети.
Пол Тaрот, кој ја тестираше протечената верзија на оперативниот систем, сугерира дека Windows 10Х сега ќе биде начин на Microsoft да го имплементира она што го прави Google со својата платформа Chrome OS.
Раните Windows 10Х скриншотови покажуваат значително послаба верзија на Windows 10, со едноставно искуство на подесување, чист десктоп со центрирани таскбар икони и старт мени кој го пополнува целиот екран кога ќе се стартува. Секоја апликација се покренува преку целиот екран и се чини дека може да се инсталира само софтвер од Microsoft Store.
Се сугерира дека Windows 10X најверојатно ќе работи само со Intel системи на надворешни компании. Во одреден момент, тој исто така може да поддржува и ARM чипови, или идните Surafec уреди. Недостатокот на поддршка за традиционалните Win32 апликации може да претставува недостаток, но би можело да се премости со Azure Cloud PC сервисот, што ќе овозможи нормалниот Windows софтвер да се покренува виртуелно.