Сите кои се во можност, во иднина ќе можат да купат вештачко срце. Европската Унија конечно ја одобри продажбата на овој апарат.

По долго чекање на дозвола од ЕУ, француската компанија „Карма“ почна со производство на вештачкото срце.

Корисниот изум ќе биде од голема помош кај срцевите болни и ќе биде алтернатива на донирањето органи, наведува Ројтерс.

Стефан Пјат од компанијата „Карма“ рече дека идејата за производство на вештачко срце е стара речиси 30 години.

„Вештачкото срце физиолошки функционира како и вистинското срце. Пулсира, компатибилно е со крвта и како изум претставува ново поглавје во развојот на нашата компанија“, рече Пјат.

Вештачкото срце со батерија чини 180.000 долари, и како што вели производителот, дизајнирано е да може да го замени вистинското човечко срце со години.

Извор: B92.net