LG е еден од лидерите на пазарот на OLED дисплеите, но ова досега главно беше лимитирано на телевизорите за дневната соба. Како дел од презентацијата на CES 2021 саемот, LG го објави LG UltraFine OLED Pro мониторот.
LG UltraFine OLED Pro има 31,5-инчен 4K екран, кој се карактеризира со индивидуално затемнување на сите осум милиони пиксели. Ова е нешто што досега беше достапно за телефоните или телевизорите, а прилично е значајно што почнува да се појавува и кај мониторите.
Како што и се очекува од премиум монитор, UltraFine OLED Pro е опремен со голем број конектори, вклучувајќи USB-C, три стандардни USB портови, два DisplayPort конектора и HDMI.
Кога станува збор за покриеност на боите, LG истакнува дека новиот модел има поддршка за 99 проценти од DCI-P3 и Adobe RBG спектарот на бои, а овие два dba профила најчесто се користени за видео и фотографии.
Други детали за LG UltraFine OLED Pro мониторот не се објавени во овој момент, така што нема информации за цената и периодот на објава.
Поврзани артикли