Intel официјално го претстави својата i9-11900K процесор од 11. генерација, а се работи за првиот мејнстрим CPU на компанијата што добива големо освежување на архитектурата уште од Skylake линијата .

Со Core i9-11900K процесор, Intel ветува осум јадра и 16 thread-ови со поттик со boost за едното јадро од 5,3 GHz, или засилување за сите јадра од 4,8 GHz. Intel, исто така, додаде поддршка за DDR4 3200MHz меморија (без оверклокување) и овозможи PCIe 4.0 поддршка.

Бидејќи AMD Ryzen 5000 процесорите ги надминаа решенијата на Intel во гејминг перформансите, стана јасно дека на Intel му треба одговор на Ryzen 5000 серијата. Тој одговор е i9-11900K – процесор за кој компанијата тврди дека овозможува супериорни гејминг перформанси, и покрај тоа што има помалку јадра.

Intel истакнува дека со  Core i9-11900K процесорот од 11. генерација, го вратил водството во гејминг перформанси, надминувајќи ги перформансите на AMD Ryzen 9 5900X во различните PC наслови. Покрај тоа, процесорот на AMD има 12 јадра и 24 threads, што е за 50% повеќе од најновото решение на Intel. Со придружниот графикон, Intel тврди дека е лидер во гејмингот, но тоа останува да се потврди и по тестовите на процесорот.

Intel не ја објави цената на Core i9-11900K процесорот, ниту потрошувачката на моделот, па гејмерите ќе мораат да ги почекаат тестовите пред да се решат да ги купат новите процесори на Intel.