Турскиот регулатор за конкуренција денеска објави дека почнал истрага против WhatsApp и неговиот сопственик Facebook, откако апликацијата за размена пораки побара од корисниците согласност за собирање на корисничките податоци од Facebook.
Турската Комисија за заштита на конкуренцијата наведе во соопштение дека наложила барањето за собирање на податоци веднаш да се сопре, додека не се заврши истражната постапка, пренесува Reuters.
WhatsApp минатата среда ги ажурираше своите услови за користење, дозволувајќи им на Facebook и неговите филијали да собираат кориснички податоци. Крајниот рок за согласување со новите услови е 8. февруари.
Конкурентските апликации за пораки Signal и Telegram оттогаш забележаa нагло зголемување на побарувачката. Турската влада воведе нови ограничувања и казни за социјалните мрежи по донесувањето на законот во јули со кој се зајакнува локалниот надзор над странските компании.
Критичарите велат дека законот ги задушува слободите на турските граѓани кои прибегнаа кон онлајн платформи откако владата ги засилила контролите врз традиционалните медиуми.
Извор: B92.net