Компанијата Realme го претстави својот прв телефон за 2021. година, а станува збор за Realme V15 5G.
Телефонот користи 6,4-инчен FullHD+ AMOLED екран, со максимална осветленост од 600 нита и вграден сензор за отпечатоци под дисплејот. Во горниот лев агол на екранот има punch-hole отвор за 16MP селфи камера.
На задната страна, Realme V15 5G има 64MP главна камера, 8MP ултраширокa и 2MP макро камера. Супер ноќниот режим е присутен и за предната и за задната камера, како и за AI Beauty,Portrait Mode, Movie Mode и UIS Max снимање видео.
Телефонот го покренува Dimensity 800U чипсет, во комбинација со 6GB/8GB RAM и 128 GB простор. Оперативниот систем е Realme UI 1, базиран на Android 10, но компанијата вети дека наскоро ќе го објави Realme UI 2.0 со Android 11.
Уредот го напојува батерија со капацитет од 4310mAh, која се полни преку USB-C приклучок со брзина до 50W. Телефонот доаѓа со 65W адаптер за полнење. Другите карактеристики на смартфонот вклучуваат dual-mode 5G (SA/NSA) и Dirac и Hi-Res Audio аудио сертификати.
Realme V15 5G е достапен во Crescent Silver, Mirror Lake Blue и Koi варијанти, по почетна цена од околу 230 долари за 6GB/128GB верзијата.
Поврзани артикли