Honor, кој неодамна стана независна компанија и повеќе не е оптоварена со санкциите наметнати од САД, сега има одврзани раце и можност да објавува уреди со технологии што потекнуваат од американски компании.

Според наводите на кинеските дојавувачи, тоа е токму она што ќе се случи – Honor соработува со Qualcomm за развој на 5G смартфони.

Засега нема информации за кој телефон се работи, ниту кој чипсет ќе се најде во уредот. Речиси е сигурно дека тоа нема да биде V40 серијата, која ќе биде официјализирана за околу две недели со Dimensity 1000+ чипсет.