Кон крајот на 2019. година, Xiaomi го прикажа Mi Mix Alpha со интересен дизајн, а компанијата претходно во текот на оваа година го претстави својот прв флексибилен телефон Mi Mix Fold. Кинескиот производител сега разгледува уред кој ги комбинира дизајните на овие два модела, а Xiaomi поднесе барање за патент за новиот дизајн во текот на минатата година. Документацијата сега стана јавно достапна.

Уредот од патентот навистина изгледа како мешавина на Alpha и Fold моделите. Се свиткува навнатре, со тоа што секундардниот екран сместен однадвор не е засебен панел, туку дел од главниот панел што се свиткува околу страната на една од флексибилните половини на уредотт. Подебелиот дел, во кој се сместени камерите, потсетува на Alpha.

Гласините сугерираат дека Xiaomi подготвува објава на втор флексибилен уред за четвртиот квартал. Дали тоа ќе биде моделот од патентот, останува да се види, но се очекува тоа сепак да биде некој друг уред. Гласините од претходно сугерираа дека претстојниот модел ќе има два засебни екрани – еден кој го креира Samsung со 120Hz освежување и друг од 90Hz на компанијата Visionox.