Во неодамнешната дискусија на Weibo мрежата, Пит Лау – соосновач и извршен директор на OnePlus истакна дека напорите за истражување и развој на компанијата ќе бидат главно насочени кон подобрување на квалитетот на камерите на смартфоните.
Ова е една од најчестите теми кога станува збор за уредите на OnePlus – луѓето кои прават рецензии и тестови генерално се малку разочарани кога станува збор за квалитетот на камерите во споредба со другите премиум телефони.
Компанијата веќе направи голем напредок во текот на изминатата година, а сега дополнително се обврзува дека ќе продолжи да напредува и во текот на 2021. година.
Овие информации се совпаѓаат и со неодамнешните гласини дека OnePlus соработува со Leica, која ќе ги направи достапни своите технологии за премиум уредите на OnePlus. Исто така, поновите информации сугерираат дека OnePlus 9 серијата може да содржи Leica објективи, но ова сè уште не е потврдено.