Microsoft почна да воведува некои од карактеристиките што првично беа наменети за Windows 10х, а една од нив е новата „мека тастатура“ (soft keyboard). Нејзината главна функција е гласовно пишување, а сега го вклучува таканаречениот Voice Launcher, пренесува WindowsLatest, кој ќе почне да се појавува во секое поле за текст каде што има Windows Search API, како File Explorer, Settings и Start Menu.

Функцијата може да се повика и преку Windows нараторот со притискање на „Win+H“. Microsoft се надева дека со појавување на рамка за гласовно диктирање, корисниците во поголема мерка ќе изберат да ја користат таа можност. Од компанијата ова го образложија со следниот текст: „Вашата секојдневна употреба на гласовниот внес може да ја направи говорната технологија нa Microsoft поточна, за сите што го зборуваат вашиот јазик. Ако одлучите да ги додадете своите гласовни клипови, некои од нив ќе ги прегледаат вработените и продавачите на Microsoft.

Исто така е достапно за корисниците на Microsoft Insider програматa во следните региони

  • Англиски: САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Индија.
  • Француски: Франција и Канада
  • Португалски: Бразил
  • Шпански Германски, Италијански, Јапонски и Кинески