Компанијата Xiaomi го претстави новиот смартфон Mi 10i, кој е произведен во Индија и наменет е за тој пазар.
Станува збор за ребрендирана верзија на моделот Mi 10T Lite 5G. Смартфонот доби 6,67-инчен LCD екран со резолуција 1080p, фреквенција на освежување од 120 Hz и формат 20:9, како и Qualcomm Snapdragon 750G процесор со X52 5G модем.
Исто така, поседува до 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија, а го напојува батерија од 4.820 mAh која од 0 до 100 % се полни за 58 минути.
Главната камера има 108 MP, ултрашироката камера има 8, макро камерата има 2 и сензор за длабочина од 2 MP. Селфи камерата има 16 MP.
Продажбата на моделот Mi 10i почнува на 7 јануари на индискиот пазар, а засега не е познато дали ќе се најде и на глобалниот пазар.
Извор: Klix.ba